Ovo je pregled DELA TEKSTA rada na temu "Avtokorelacija (makedonski)". Rad ima 20 strana. Ovde je prikazano oko 500 reči izdvojenih iz rada.
Napomena: Rad koji dobjate na e-mail ne izgleda ovako, ovo je samo DEO TEKSTA izvučen iz rada, da bi se video stil pisanja. Radovi koje dobijate na e-mail su uređeni (formatirani) po svim standardima. U tekstu ispod su namerno izostavljeni pojedini segmenti.
Ako tekst koji se nalazi ispod nije čitljiv (sadrži kukice, znakove pitanja ili nečitljive karaktere), molimo Vas, prijavite to ovde.
Uputstvo o načinu preuzimanja rada možete pročitati ovde.
СОДРЖИНА
1. БРУТО ДОМАШЕН ПРОИЗВОД
Бруто домашниот производ (БДП) или бруто домашниот доход (БДД) е мерка за вкупниот економски аутпут во една земја. БДП претставува пазарната вредност на сите финални производи и услуги направени во границите на една земја во текот на една година. Често е позитивно корелиран со животниот стандард, преку неговата употреба како мерка за мерење на стандардот на живеење.
БДП може да биде определен преку три начини, и во принцип сите треба да дадат ист резултат. Тоа се производниот пристап, доходовниот и трошковниот пристап.
Најдиректен од овие три пристапи е производниот, кој ги сумира аутпутите од сите нивоа од претпријатието. Трошковниот пристап работи на принципот дека сите производи мора да бидат купени од некого, па затоа вредноста на вкупниот производ мора да биде еднаков на вкупните трошоци на населението за купување производи. Доходовниот пристапработи на принципот дека доходите од производните фактори мора да бидат еднакви на вредноста на нивниот производи го определуваат БДП преку изнаоѓање на сумата на сите доходи на производителите.
1.1 ПОТРОШУВАЧКИ МЕТОД
БДП = приватна потрошувачка+вкупни инвестиции+јавна потрошувачка+(извоз ≠увоз) или
GDP = C + Inv + G + (eX – i)
Во самиот назив „Бруто Домашен Производ“, Бруто значи дека БДП го мери производството без разлика од различното потекло на производството, самото производство може да биде за тековната потрошувачка, за инвестиции, во нови фикксни средства или инвентар, или за замена на амортизираните фиксни средства. Ако амортизацијата на фиксните средства се одземе од БДП се добива (Нето Домашниот Производ) кој што претставува мерка на тоа колкаво производство е расположливо за потрошувачка или за зголемување на националното богатство.
„Домашен“ значи дека БДП го мери производството во рамките на границите на една земја. Во потрошувачкиот метод, равенството дадено погоре, извозот минус увозот е неопходен за да се анулираат трошоците на добра кои не се произведени во земјата (увози) и да се додат добрата кои се произведени, а не продадени во земјата (извози).
Економистите (почнувајќи од Кејнз) преферирале да ја поделат вкупната потрошувачка на два дела: приватна потрошувачка, и јавна потрошувачка (владина). Со ваквата поделба на вкупната потрошувачка во теоретската макроекономија се постигнуваат две предности и тоа:
Приватна потрошувачка се однесува на благосостојбата во економијата. Приватните инвестиции и трговските договори на економијата се крајно директно насочени кон зголемување на приватната потрошувачка на долг рок.
Одвоено од надворешната приватна потрошувачка владината потрошувачка може да биде третирана како внатрешна па различните владини трошковни нивоа можат да бидат земени во предвид во главната макроекономска рамка.
БДП се наоѓа на врвот на националната сметка кој претставува основа на макроекономијата. Економското мерење е наречено економетрија.
1.2. ПРОИЗВОДЕН ПРИСТАП
Вообичаено во овој пристап производните единици (корпорациските и другите претпријатија кои заедно го сочинуваат бизнис секторот, „чистите домаќинства“, владите и непрофитните институции кои им служат на домаќинствата) во економијата се класифицирани како индустриски гранки: земјоделство; градежнништво, занаетчиство, итн. Нивните аутпути се во најголем случај проценети врз основа на бизнис билтените, но исто така и преку услугите направени од страна на домаќинствата кои што се пресметани во однос на производството. За да се избегне „двојното пресметување“ во случаи кога аутпутот на производната единица не е финален производ или услуга, туку служи како интермедијарен инпут (интермедијарна потрошувачка) во другите производни единици, иако само финалните производи или услуги мора да бидат пресметани, или пристапот на „додадена вредност“ мора да биде земен во предвид при што она што е пресметано не е вкупна вредност на аутпутот на производната единица туку се работи за додадена вредност. Тоа е всушност разликата помеѓу вредноста на неговиот бруто аутпут и вредноста на интермедијарната потрошувачка. Додадената вредност обезбедува рамнотежа во производствената сметка во рамките на националната сметка.
CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. www.maturski.org
MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL:
maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!